> Основи на скенерот > Контролна табла > Основна структура на екранот > Икони што се прикажуваат на LCD-екранот

Икони што се прикажуваат на LCD-екранот

Во зависност од статусот на скенерот, се прикажуваат следниве икони.

Оваа икона укажува дека сте на почетниот екран.

Го прикажува статусот на мрежната врска.

Изберете ја иконата за да ги проверите и менувате тековните поставки. Ова е кратенката за следново мени.

Поставки > Поставки за мрежа > Wi-Fi поставување

Скенерот не е поврзан на жична (етернет) мрежа или не е поставен.

Скенерот е поврзан на жична (етернет) мрежа.

Скенерот не е поврзан со безжична (Wi-Fi) мрежа.

Скенерот пребарува SSID, не е поставена IP-адреса или има проблем со безжична (Wi-Fi) мрежа.

Скенерот е поврзан со безжична (Wi-Fi) мрежа.

Бројот на линии ја покажува јачината на сигналот на врската. Колку повеќе линии има, толку е посилна врската.

Скенерот не е поврзан со безжична (Wi-Fi) мрежа во режим Wi-Fi Direct (едноставна AP).

Скенерот е поврзан со безжична (Wi-Fi) мрежа во режим Wi-Fi Direct (едноставна AP).

Оваа икона покажува дали е овозможена Функција DFDS (функција „Прескокни откривање на двојно внесување“). Кога е овозможена, иконата се менува во .

Со оваа функција еднократно се прескокнува откривањето на двојно внесување и се продолжува со скенирање. Овозможете го ова за да скенирате оригинали што се откриени како двојно внесени, на пример пластични картички или пликови.

Оваа икона покажува дали функцијата Бавно е овозможена. Кога е овозможена, иконата се менува во .

Оваа функција ја намалува брзината на скенирање. Овозможете ја за скенирање оригинали што постои веројатност да се заглават, на пр. тенка хартија.

Покажува дека е овозможена функцијата за корисничко ограничување. За да се најавите на скенерот, изберете ја оваа икона. Треба да ја внесете лозинката. Побарајте ја лозинката од администраторот на скенерот.

Кога се прикажува , најавен е корисник со дозвола за пристап. Изберете ја иконата за одјавување.

Ве враќа на претходниот екран.

Укажува дека поставките за скенирање се променети и се разликуваат од фабричките стандардни поставки или од стандардните поставки во Кориснички поставки.

Укажува дека има дополнителни информации. Изберете ја иконата за да се прикаже пораката.

Укажува на проблем со ставките. Изберете ја иконата за да видите како да го решите проблемот.

  • Замена на валјак за одржување: Бројот на скенирања го надминува работниот век на валјаците. Заменете ги валјаците.

  • Чистење на Стакло: Откриена е нечистотија на стаклената површина во скенерот. Исчистете ја внатрешноста на скенерот.

  • Редовно чистење: Време е да ја исчистите внатрешноста на скенерот.