> Одржување > Чистење на внатрешноста на скенерот

Чистење на внатрешноста на скенерот

Откако ќе го користите скенерот одредено време, прашината од хартијата и од просторијата насобрана на валјакот или на стаклениот дел во внатрешноста на скенерот може да предизвика проблеми со внесувањето на хартијата или со квалитетот на скенираните слики. Чистете ја внатрешноста на скенерот на секои 5,000 скенирања.

Ако некоја површина има дамки од материјал што тешко се отстранува, користете оригинална опрема за чистење на Epson за да ги отстраните дамките. Користете мало количество средство за чистење на крпата за чистење за да ги отстраните дамките.

Важно:
  • Не користете алкохол, разредувач или корозивен растворувач за да го чистите скенерот. Може да дојде до деформација или промена на бојата.

  • Не распрскувајте течности или подмачкувачи врз скенерот. Оштетувањето на опремата или струјните кола може да предизвика неправилно функционирање.

  • Не отворајте го куќиштето на скенерот.

  1. Притиснете го копчето за да го исклучите скенерот.

  2. Исклучете го адаптерот за наизменична струја од скенерот.

  3. Повлечете ја рачката и отворете го капакот за скенерот.

  4. Избришете ги сите дамки на пластичниот валјак (4 места) и стаклената површина на дното од внатрешноста на капакот за скенерот. Бришете со мека крпа што не остава влакненца, навлажнета со малку вода или наменско средство за чистење.

    Важно:
    • Не притискајте премногу на стаклената површина.

    • Не користете четка или тврда алатка. Гребаници на стаклото може да влијаат врз квалитетот на скенирањето.

    • Не прскајте средство за чистење директно на стаклената површина.

  5. Избришете ги дамките на сензорите со памучна чепкалка за уши.

    Важно:

    Не нанесувајте течност како што е средство за чистење на чепкалката за уши.

  6. Отворете го капакот и отстранете го ролерот за одделување.

  7. Избришете го валјакот за одвојување хартија. Бришете со мека крпа што не остава влакненца, навлажнета со малку вода или наменско средство за чистење.

    Важно:

    Користете само оригинална опрема за чистење на Epson или мека, влажна крпа за да го исчистите валјакот. Користењето сува крпа може да доведе до оштетување на површината на валјакот.

  8. Отворете го капакот и отстранете гo ролерот за прифаќање.

  9. Избришете го валјакот за земање хартија. Бришете со мека крпа што не остава влакненца, навлажнета со малку вода или наменско средство за чистење.

    Важно:

    Користете само оригинална опрема за чистење на Epson или мека, влажна крпа за да го исчистите валјакот. Користењето сува крпа може да доведе до оштетување на површината на валјакот.

  10. Затворете го капакот за скенерот.

  11. Приклучете го адаптерот за наизменична струја, а потоа вклучете го скенерот.

  12. Изберете Одржување на скенер од почетниот екран.

  13. На екранот Одржување на скенер изберете Чистење на валјак.

  14. Повлечете ја рачката за да го отворите капакот за скенерот.

    Скенерот влегува во режимот за чистење валјаци.

  15. Бавно вртете ги валјаците на долниот дел допирајќи на кој било дел од LCD. Избришете ја површината на валјаците користејќи оригинална опрема за чистење на Еpson или мека крпа навлажнета со вода. Повторувајте го ова додека не ги исчистите валјаците.

    Внимание:

    Внимавајте да не ги фатите дланките или косата во механизмот кога ракувате со валјакот. Тоа може да предизвика повреда.

  16. Затворете го капакот за скенерот.

    Скенерот излегува од режимот за чистење валјаци.