Може да ги скенирате оригиналите користејќи детални поставки коишто се погодни за текстуални документи.
Ставете го оригиналот.
Стартувајте ја Epson Scan 2.
Одредете ги следниве поставки во картичката Главни поставки.

/
Копчиња за првична ориентација: изберете ја поставената ориентација на ставениот оригинал. Во зависност од големината на оригиналот, оваа ставка може да биде поставена автоматски и не може да се менува.
Извор на документ е автоматски поставен на АФД.
Во картичката Главни поставки може да ги одредите и следниве поставки.
Спои слики: изберете за да ги споите сликите од предната и задната страна кога ги скенирате двете страни на оригиналот.
Ротирај: изберете за да го ротирате оригиналот надесно и да го скенирате.
Корекц. на искривеност на докум.: изберете за да ја коригирате искривеноста на оригиналот.
Додај или уреди стр. по скен: изберете за да додадете различни оригинали или да ги изменувате (ротирање, движење и бришење) скенираните страници по скенирањето.
Прескокни празни страници: изберете за да се прескокнуваат празни страници ако ги има во оригиналите.
Откриј двојно полнење: изберете за да се прикаже предупредување кога ќе се внесат повеќе оригинали одеднаш.
Ако е потребно, одредете и други поставки за скенирањето.
Некои поставки може да не бидат достапни во зависност од другите поставки што сте ги одредиле.
Одредете ги поставките за зачувување датотеки.

Кликнете Скенирај.
Може да започнете да скенирате и со притискање на копчето
на скенерот.
Скенираната слика се зачувува во одредената папка.