Погрижете се светлото за положба на скенерот (
) да биде исклучено.

Ако светлото за положба на скенерот (
) е вклучено, повлечете го избирачот за положба на скенерот за да го накривите скенерот нанапред.

Отворете ја влезната фиока.

Подигнете го продолжетокот на влезната фиока.

Поместете ги граничниците до рабовите на влезната фиока.

Прелистајте ги оригиналите.
Држете ги двата краја на оригиналите и прелистајте ги неколку пати.

Порамнете ги рабовите на оригиналите, а со страната што ќе се скенира свртена нагоре, повлечете ги предните рабови во форма на клин.

Ставете ги оригиналите во влезната фиока за ADF со лицето нагоре и со горниот раб кон ADF.
Вметнете ја хартијата во ADF додека да наидете на отпор.




). Кога светлото за положба на скенерот е вклучено, скенерот е во положбата за права патека. Ако светлото за положба на скенерот е исклучено (скенерот е во положбата за вертикална патека), повлечете ја рачката на задната страна за да го накривите скенерот наназад.
Повлечете ги граничниците до рабовите на оригиналот без да оставате празнини. Во спротивно, оригиналот може да се внесе накриво.

Ако документот се протега надвор од продолжетокот на влезната фиока, држете го документот со едната рака за да не испадне од ADF. Исто така, додека скенирате оригинал, држете ги двата краја на оригиналот со рацете за да не се накривува.
Кога скенирате оригинали од тенка хартија, како што се флаери или сметки, или кога скенирате оригинали кои имаат тенденција да се извиткуваат по скенирањето, препорачуваме да го извлечете држачот за излез на хартија на двете места.
Откако ќе го ставите оригиналот, притиснете ги копчињата (на двете места) за да го подигнете држачот за излез на хартија.

Кога скенирате оригинали како што се визит-картичките кои имаат тенденција да се извиткуваат по скенирањето, препорачуваме да скенирате во положбата за права патека и да ставате само по еден оригинал.
Epson Scan 2 ви овозможува да ја прегледате првата страна на оригиналот. Ставете го само првиот оригинал во ADF, а потоа притиснете го копчето Преглед. Се отвора прозорецот за преглед, се прикажува сликата за прегледување, а страницата се исфрла од скенерот.
Заменете ја исфрлената страница заедно со останатите оригинали.
Кога ставате и прегледувате повеќе оригинали одеднаш, или ако го откажете скенирањето додека се скенираат повеќе оригинали, вториот оригинал малку ќе навлезе во ADF, а тогаш скенирањето престанува. Отворете го капакот за скенерот за да го извадите оригиналот, а потоа повторно ставете ја страницата, заедно со првата страница и останатите оригинали.
Во зависност од типот хартија и околината во која се користи скенерот, оригиналот може да испадне од предната страна на скенерот по скенирањето. Во оваа ситуација, ставајте помалку оригинали во скенерот отколку наведениот број оригинали што може да се стават.