Во случај на двојно внесување, проверете го следново.
Ако заглавениот оригинал е во скенерот, отворете го капакот за скенерот или капакот за вертикалната патека и извадете го оригиналот.
Проверете ја скенираната слика и, ако е потребно, скенирајте ги оригиналите повторно.
Погрижете се скенерот да биде во соодветната положба во зависност од оригиналот.
Овој производ користи две различни положби за скенирање, во зависност од оригиналот што се скенира. Кликнете го линкот за да видите која положба е соодветна за оригиналот.
Кога скенирате повеќе оригинали со стандардна големина, скенирајте во положбата за вертикална патека.
Ако скенерот е во положбата за права патека, повлечете ја рачката за да го накривите скенерот нанапред и да го поставите во положбата за вертикална патека.

Кога скенирате во положбата за права патека, ставајте само по еден оригинал.
Ако скенерот е во положбата за вертикална патека, повлечете ја рачката за да го накривите скенерот наназад и да го поставите во положбата за права патека.

Ако често се внесуваат повеќе оригинали, обидете се со следново.
Ако ставате неподдржани оригинали, скенерот може да внесе повеќе оригинали истовремено.
Намалете го бројот на оригинали што ги ставате истовремено.
Користете Режим за автоматско полнење и скенирајте ги оригиналите поединечно.
Кога користите Document Capture Pro, може да го отворите екранот на Epson Scan 2 така што ќе го притиснете копчето Detailed Settings во екранот Scan Settings.
Исчистете ги валјаците во внатрешноста на скенерот.
Проверете го бројот на листови скенирани од валјакот за земање хартија. Ако бројот на скенирања го надминува работниот век на валјакот за земање хартија (50,000 листа), заменете го склопот со валјаци со нов.
Дури и ако бројот на скенирања не го надминува работниот век на валјакот за земање хартија, препорачуваме да го замените склопот со валјаци со нов ако површината на валјакот е истрошена.
Бројот на листови скенирани од валјакот за земање хартија може да го проверите во Epson Scan 2 Utility. Стартувајте ја Epson Scan 2 Utility, кликнете ја картичката Бројач, а потоа проверете го Број на скенирања во Склоп со валјак.