Откако ќе го користите скенерот одредено време, прашината од хартијата и од просторијата насобрана на валјакот или на стаклениот дел во внатрешноста на скенерот може да предизвика проблеми со внесувањето на хартијата или со квалитетот на скенираните слики. Чистете ја внатрешноста на скенерот на секои 5,000 скенирања.
Може да го проверите последниот број на скенирања во Epson Scan 2 Utility.
Ако површината е со дамки со материјал што тешко се отстранува, користете оригинална опрема за чистење на Epson за да ги отстраните дамките. Користете мало количество средство за чистење на крпата за чистење за да ги отстраните дамките.
Внимавајте да не ги фатите дланките или косата во запчаниците или валјаците кога ја чистите внатрешноста на скенерот. Тоа може да предизвика повреда.
Не користете алкохол, разредувач или корозивен растворувач за да го чистите скенерот. Тоа може да предизвика деформација или губење на бојата.
Не распрскувајте течности или подмачкувачи врз скенерот. Оштетувањето на опремата или струјните кола може да предизвика неправилно функционирање.
Не отворајте го куќиштето на скенерот.
Во Epson Scan 2 Utility може да поставите известувања и предупредувања дека е време за чистење откако ќе извршите одреден број скенирања. Стандардно, известувањето се испраќа по секои 5.000 скенирања.
Чистете ја внатрешноста на скенерот додека е вклучен.
Избришете ги дамките на валјакот. Отворете го капакот за вертикалната патека.

Кога го отворате капакот за вертикалната патека, држете ја означената област за да избегнете допирање на антистатичката четка. Ако четката се свитка, нема да може да го отстранува статичкиот електрицитет, а тоа може да предизвика меѓусебно залепување на излезните оригинали.
Избришете ги валјаците (4 места) и пластичните валјаци (4 места). Бришете со мека крпа што не остава влакненца, навлажнета со малку вода или наменско средство за чистење.

Кога ги бришете валјаците, внимавајте да не ја допирате антистатичката четка. Ако четката се свитка, нема да може да го отстранува статичкиот електрицитет, а тоа може да предизвика меѓусебно залепување на излезните оригинали.
Отворете ја влезната фиока и повлечете ја рачката за да го отворите капакот за скенерот.

Избришете ги валјаците (8 места). Бришете со мека крпа што не остава влакненца, навлажнета со малку вода или наменско средство за чистење.

Затворете го капакот за скенерот со двете раце. Потоа, затворете го капакот за вертикалната патека, а потоа и влезната фиока, по тој редослед.

Откако ќе го затворите капакот, почекајте околу четири секунди пред да продолжите на следниот чекор.
Повторете ги четири пати чекорите од 1 до 5.
При секое затворање на капакот, внатрешните валјаци ротираат за околу една четвртина од круг. Повторувајте го овој чекор додека не се исчисти целиот валјак.
Ако на внатрешноста на капакот за вертикалната патека се залепила прашина од хартијата, избришете ја со мека крпа што не остава влакненца.

Избришете ги дамките во внатрешноста на скенерот. Отворете ја влезната фиока и повлечете ја рачката за да го отворите капакот за скенерот.

Избришете ја стаклената површина во капакот за скенерот. Избришете ја со наменска крпа за чистење или со мека крпа што не остава влакненца. Ако стаклената површина е многу извалкана, избришете ја со мека крпа што не остава влакненца, навлажнета со малку вода или наменско средство за чистење.
Не притискајте премногу на стаклената површина.
Не користете четка или тврда алатка. Гребаници на стаклото може да влијаат врз квалитетот на скенирањето.
Не прскајте средство за чистење директно на стаклената површина.

Избришете ги сензорите (4 места) со чепкалка за уши.
Не нанесувајте течност како што е средство за чистење на чепкалката за уши.

Ултрасоничните сензори (две места) вообичаено не бараат одржување.
Меѓутоа, ако често се јавуваат грешки со известување дека е извршено повеќекратно внесување, можно е околу ултрасоничните сензори да се насобрала прашина од хартијата или од просторијата, којашто погрешно се детектира како грешка со повеќекратно внесување. Ако се насобрала прашина околу ултрасоничните сензори, следете ги чекорите подолу за да ги исчистите.
Внимателно избришете ги поголемите наслаги прашина со чепкалка за уши.
Внимателно избришете ги помалите честички прашина со чепкалка за уши навлажнета со наменско средство за чистење.
Ако имате дувалка, како онаа што се користи за чистење фотоапарати, може и со неа да ја отстраните прашината.

Не прскајте средство за чистење директно на ултрасоничниот сензор. Исто така, внимавајте да не ги вметнувате чепкалките за уши премногу во сензорот.
Избришете ги дамките на валјакот за одвојување хартија. Отворете го капакот, а потоа извадете го валјакот за одвојување хартија.
За повеќе детали, погледнете во „Заменување на склопот со валјаци“.

Избришете го валјакот за одвојување хартија. Бришете со мека крпа што не остава влакненца, навлажнета со малку вода или наменско средство за чистење.

За чистење на валјакот треба да користите само влажна крпа. Ако користите сува крпа, може да се оштети површината на валјакот.
Инсталирајте го валјакот за одвојување хартија.
За повеќе детали околу инсталирањето, погледнете во „Заменување на склопот со валјаци“.
Избришете ги дамките на валјакот за земање хартија. Отворете го капакот, а потоа извадете го валјакот за земање хартија.
За повеќе детали, погледнете во „Заменување на склопот со валјаци“.

Избришете го валјакот за земање хартија. Бришете со мека крпа што не остава влакненца, навлажнета со малку вода или наменско средство за чистење.

За чистење на валјакот треба да користите само влажна крпа. Ако користите сува крпа, може да се оштети површината на валјакот.
Инсталирајте го валјакот за земање хартија.
За повеќе детали околу инсталирањето, погледнете во „Заменување на склопот со валјаци“.
Затворете го капакот за скенерот со двете раце. Потоа, затворете ја влезната фиока.

Ресетирајте го бројот на скенирања користејќи Epson Scan 2 Utility.