> Одржување > Ажурирање на апликациите и фирмверот > Ажурирање фирмвер без поврзување на интернет

Ажурирање фирмвер без поврзување на интернет

Можете да го преземете фирмверот за уредот од веб-страницата на Epson директно на компјутер и потоа да го поврзете уредот и компјутерот преку USB кабел за да го ажурирате фирмверот. Ако не можете да го ажурирате преку мрежата, обидете се со овој метод.

Белешка:

Пред да ажурирате, погрижете се двигателот за скенерот Epson Scan 2 да биде инсталиран на компјутерот. Ако Epson Scan 2 не е инсталирана, инсталирајте ја.

  1. Посетете ја веб-локацијата на Epson за да проверите дали се достапни ажурирања за фирмверот.

    http://www.epson.com

    • Ако има фирмвер за вашиот скенер, преземете го и одете на следниот чекор.
    • Ако на веб-локацијата нема информации за фирмвер, тоа значи дека веќе го користите најновиот фирмвер.
  2. Поврзете го компјутерот којшто го содржи преземениот фирмвер со скенерот преку USB-кабел.

  3. Кликнете двапати на преземената .exe датотека.

    Epson Firmware Updater се вклучува.

  4. Следете ги упатствата на екранот.