Следете ги чекорите во продолжение за да ги инсталирате потребните апликации.
Најавете се на компјутерот како администратор. Внесете ја администраторската лозинка ако компјутерот ви ја побара.
За да преинсталирате апликации, потребно е прво да ги деинсталирате.
Затворете ги сите апликации што се извршуваат.
Кога го инсталирате двигателот за скенерот (Epson Scan 2), извадете го привремено кабелот на скенерот од компјутерот.
Не поврзувајте го скенерот со компјутерот додека не добиете таква инструкција.
Инсталирајте ја апликацијата следејќи ги инструкциите од веб-локацијата наведена подолу.
За Windows, може да го користите и дискот со софтвер испорачан со скенерот.