Уреди Почеток

Може да ги изменувате поставките за приказот на почетниот екран.

  • Приказ

    Го менува начинот на прикажување на иконите на менито.

  • Додади икона

    Додава икони за Поч. пос. што сте ги поставиле или ги враќа иконите што претходно сте ги отстраниле од екранот.

  • Отстрани икона

    Ги отстранува иконите од почетниот екран. Ако сакате отстранетите икони повторно да се прикажуваат, изберете Додади икона или Обнови стандарден приказ на икони.

  • Премести икона

    Го менува редоследот на прикажување на иконите.

  • Обнови стандарден приказ на икони

    Ги враќа стандардните поставки за приказот на почетниот екран.

  • Тапет

    Променете ја бојата на тапетот на LCD-екранот.