Скенирање оригинали во е-пошта

Скенираната слика може да ја испратите преку е-пошта директно од скенерот. Пред скенирање, треба да го конфигурирате серверот за е-пошта.

Можете да назначите адреса на е-пошта внесувајќи ја директно, но полесно е доколку прво регистрирате адреса на е-пошта во листата на контакти.

Белешка:
  • Погрижете се да бидат точни поставките на скенерот за Датум/Време и Временска разлика. Изберете Поставки > Осн поставки > Поставки за датум/време на контролната табла.

  • Пред да скенирате, може да ја проверите дестинацијата. Изберете Поставки > Поставки на скенерот, а потоа овозможете Потврди примач.

  1. Ставете ги оригиналите.

  2. Изберете Е-пошта на почетниот екран од контролната табла на скенерот.

  3. Одредете ја дестинацијата.

    • За да изберете често користени адреси: допрете на иконите прикажани на екранот.
    • За рачно да внесете адреса на е-пошта: изберете Тастату., внесете ја адресата на е-пошта и изберете OK.
    • За да изберете од списокот со контакти: изберете Контакти, изберете контакт или група, а потоа изберете Затвори.
      Може да пребарувате контакт од списокот со контакти. Внесете го клучниот збор за пребарување во полето во горниот дел на екранот.
    • За да изберете од списокот со историја: изберете Историја, изберете контакт, а потоа изберете Затвори.
    Белешка:
    • Бројот на примачи коишто сте ги избрале се прикажува на десната страна на екранот. Може да испраќате е-пораки до најмногу 10 адреси и групи.

      Ако во примачите се вклучени групи, може да изберете најмногу 200 поединечни адреси, земајќи ги предвид адресите во групите.

    • За да се прикаже списокот со избрани адреси, изберете го полето за адреса во горниот дел од екранот.

  4. Изберете Поставки за скен., проверете ги поставките како на пример форматот за зачувување и променете ги ако е потребно.

    Белешка:

    Изберете за да ги зачувате поставките како претходно поставена вредност.

  5. Изберете , проверете Поставки на скенерот и променете ги ако е потребно.

    Може да ги менувате поставките како што се Бавно или Функција DFDS.

  6. Допрете .