> Важни упатства > Безбедносни упатства

Безбедносни упатства

Прочитајте ги следниве упатства за безбедно да го користите производот и опциите. Чувајте го овој прирачник за идна референција. Следете ги и сите предупредувања и упатства означени на производот и опциите.

  • Некои симболи употребени на производот и опциите се за безбедност и правилна употреба на производот. Посетете ја следнава интернет страница за да го дознаете значењето на симболите.

    http://support.epson.net/symbols

  • Поставете го производот и опциите на рамна, стабилна површина што е поширока од основата на производот и опциите во сите насоки. Ако го поставувате производот и опциите покрај ѕид, оставете повеќе од 10 см растојание меѓу задниот дел на производот и опциите и ѕидот.

  • Поставете го производот и опциите доволно блиску до компјутерот за лесно да го поврзете преку кабелот за поврзување. Не поставувајте ги и не чувајте ги надвор производот и опциите или адаптерот за струја, во близина на прекумерна нечистотија или прашина, вода, извори на топлина или на локации подложни на потреси, вибрации, високи температури или влажност, директна сончева светлина, силни извори на светлина или брзи промени на температурата или влажноста.

  • Да не се ракува со влажни раце.

  • Поставете го производот и опциите во близина на електричен приклучок од каде што адаптерот ќе може лесно да се извади.

  • Кабелот од AC адаптерот треба да биде поставен така да се избегнат триења, прекинувања, абење и свиткување. Не ставајте предмети врз кабелот и не дозволувајте AC адаптерот или кабелот да бидат нагазени или прегазени. Внимавајте кабелот за напојување да не биде свиткан на крајот.

  • Користете го само струјниот кабел испорачан со производот и не користете го кабелот со која било друга опрема. Доколку користите други кабли со овој производ или го користите испорачаниот кабел со друга опрема може да дојде до струен удар.

  • Користете го само адаптерот за струја што е испорачан со производот. Користењето на било кој друг адаптер може да предизвика пожар, електричен удар или повреда.

  • Адаптерот за струја е наменет за користење со производот со кој бил испорачан. Не обидувајте се да го користите со други електрични апарати доколку не е наведено.

  • Користете го единствено оној вид на извор на напојување назначен на налепницата од AC адаптерот и секогаш користете извор за напојување со електрична енергија директно од стандарден куќен електричен приклучок со AC адаптер кој ги задоволува соодветните локални стандарди за безбедност.

  • При поврзување на овој производ и опциите на компјутер или на друг уред со кабел, внимавајте на правилната ориентација на приклучоците. Секој приклучок има само една правилна ориентација. Ставањето на приклучокот со погрешна ориентација може да предизвика оштетување на двата уреди поврзани со кабелот.

  • Избегнувајте во истото струјно коло да користите приклучоци за фотокопири или клима уреди кои често се вклучуваат и исклучуваат.

  • Доколку користите продолжен кабел со производот, внимавајте вкупната номинална ампеража на уредите приклучени на продолжениот кабел да не ја надмине номиналната ампеража на кабелот. Исто така, внимавајте вкупната номинална ампеража на сите уреди приклучени на ѕидниот приклучок да не ја надмине номиналната ампеража на ѕидниот приклучок.

  • Никогаш сами не расклопувајте ги, не модифицирајте ги и не обидувајте се да ги поправате адаптерот за струја, производот или опциите на производот, освен како што е конкретно објаснето во прирачниците за производот.

  • Не ставајте предмети во било кој отвор затоа што можат да допрат опасни места кои се под напон или да предизвикаат краток спој на деловите. Внимавајте на опасностите од електричен удар.

  • Доколку е оштетен електричниот приклучок, заменете го комплетниот кабел или консултирајте се со квалификуван електричар. Доколку во приклучникот има осигурувачи, заменете ги со осигурувачи со соодветна јачина и моќ.

  • Исклучете го производот, опциите и струјниот адаптер и однесете го на сервисирање од страна на квалификуван персонал за сервисирање во следниве случаи: Адаптерот за струја или електричниот приклучок се оштетени; во производот или во адаптерот за струја навлегла течност; производот, опциите или адаптерот за струја паднале или куќиштето е оштетено; производот, опциите или адаптерот за струја не работат нормално или покажуваат забележлива промена во работењето. (Не приспособувајте контроли што не се опфатени во упатствата за ракување.)

  • Исклучете ги производот и адаптерот за струја пред да ги чистите. Чистете само со влажна крпа. Не користете течност или средства за чистење со аеросоли освен како што е детално објаснето во прирачникот за производот.

  • Ако не планирате да го користите производот подолго време, задолжително извадете го адаптерот за струја од електричниот приклучок.

  • Откако ќе ги замените потрошните делови, фрлете ги прописно, следејќи ги правилата на вашите локални власти. Не расклопувајте ги.

  • Чувајте го производот на растојание од најмалку 22 см од пејсмејкери. Радиобрановите од овој производ можат да имаат негативно влијание врз работата на пејсмејкерите.

  • Не употребувајте го овој производ во медицински објекти или во близина на медицинска опрема. Радиобрановите од овој производ можат да имаат негативно влијание врз работата на електричната медицинска опрема.

  • Не употребувајте го овој производ во близина на автоматски контролирани уреди како што се автоматски врати или противпожарни аларми. Радиобрановите од овој производ можат да имаат негативно влијание врз работата на овие уреди и да доведат до незгоди како резултат на дефект.

  • Контактирајте со вашиот добавувач ако се оштети ЛЦД-екранот. Ако ги натопените рацете со растворот од течен кристал, темелно исплакнете ги со сапун и вода. Ако растворот од течен кристал ви влезе во очите, веднаш исплакнете ги со вода. Ако по темелното плакнење имате непријатно чувство или проблеми со видот, веднаш одете на лекар.