> Скенирање > Скенирање во Режим за автоматско полнење

Скенирање во Режим за автоматско полнење

Во Режим за автоматско полнење, скенирањето започнува автоматски кога ќе ги ставите оригиналите во ADF. Ова е корисно кога сакате да ги скенирате оригиналите еден по еден или кога сакате да додавате оригинали на тековната постапка за скенирање.

Кога користите Document Capture Pro, може да користите и Режим за автоматско полнење.

  1. Стартувајте ја Epson Scan 2.

    Белешка:

    Кога користите Document Capture Pro, може да го отворите прозорецот Epson Scan 2 со притискање на копчето Detailed Settings во екранот со поставки за скенирање.

  2. Изберете Режим за автоматско полнење во картичката Главни поставки.

  3. Одредете ги другите поставки за скенирање во главниот прозорец на Epson Scan 2.

  4. Кликнете Скенирај.

    Белешка:

    Кога користите Document Capture Pro, кликнете Зачувај за да ги зачувате поставките за скенирање. Кога ќе започнете со скенирање, се вклучува Режим за автоматско полнење.

    Се вклучува Режим за автоматско полнење.

    На компјутерот и на скенерот се прикажува прозорецот Режим за автоматско полнење.

  5. Приспособете ги граничниците и ставете го оригиналот во ADF.

    Скенирањето започнува автоматски.

  6. Откако скенирањето ќе запре, ставете го следниот оригинал во ADF.

    Повторувајте ја оваа процедура додека не ги скенирате сите оригинали.

    Белешка:

    Поставки на скенерот може да одредите преку контролната табла на скенерот.

    · Бавно: ја намалува брзината на скенирање. Користете го ова за да скенирате оригинали што постои веројатност да се заглават, на пр. тенка хартија.

    · Време за запирање на двој. внес.: поставете какво дејство да се извршува кога ќе се открие двојно внесување.

    · Функција DFDS: го прескокнува откривањето на двојно внесување и продолжува со скенирање. Користете го ова за да скенирате оригинали што се детектирани како двојно внесени, на пример пластични картички или пликови.

    · Зашт. на хартија: го намалува оштетувањето на оригиналите со тоа што прекинува со скенирање веднаш откако ќе настане грешка при внесување.

    · Открив. нечистотија на стаклото: открива нечистотија на стаклената површина во скенерот.

  7. Откако ќе ги скенирате сите оригинали, затворете го Режим за автоматско полнење.

    Изберете Завршено на контролната табла на скенерот или притиснете Заврши на екранот за Режим за автоматско полнење прикажан на компјутерот.

    Белешка:

    Може да одредите поставки за истекување на времето, по коешто ќе се излезе од Режим за автоматско полнење.

    Изберете Поставки во списокот Извор на документ за да го отворите екранот Поставки за извор на документ. Во прикажаниот екран, одредете ги поставките за истекување на времето.

    Скенираната слика се зачувува во назначената папка.