Основни опции на мени за скенирање во облак

Белешка:

Ставките може да не бидат достапни во зависност од другите поставки што сте ги одредиле.

Тип на слика:

Изберете ја бојата на излезната слика.

Кога ќе го изберете следново, скенерот автоматски ја открива бојата на оригиналите и ги зачувува сликите користејќи ги откриените бои.

  • Боја/Сива палета:

    Ја конвертира скенираната слика во 24-битна боја или 8-битна сива.

Достапниот Тип на слика може да се разликува зависно од избраниот Формат на дат.. За повеќе информации, погледнете го следново.

Достапни комбинации од Формат на дат. и Тип на слика

Формат на дат.:

Изберете го форматот во којшто сакате да ја зачувате скенираната слика.

Кога сакате да се зачува во PDF-формат, изберете дали сите оригинали да се зачуваат како една датотека (со повеќе страници) или секој оригинал да се зачува одделно (една страница).

Страна за скенирање:

Изберете ја страната на оригиналот што сакате да ја скенирате.

  • Сврз.(Оригин.):

    Изберете ја насоката за подврзување на оригиналот.

Г. на о.:

Изберете ја големината на ставениот оригинал.

  • Ис. мар. за гол. „Авто.“:

    Приспособете ја областа за отсекување кога ќе изберете Автоматска детекција.

  • Скенирај ја ламин. картичка:

    Кај пластифицираните оригинали се скенираат и проѕирните делови околу рабовите.

Белешка:

Соодветните ефекти може да не се постигнат во зависност од оригиналот.