Може да скенирате оригинали од контролната табла, користејќи ги задачите создадени во Document Capture Pro (Windows)/Document Capture (Mac OS).
Пред да скенирате, инсталирајте ја Document Capture Pro/Document Capture на компјутерот, создајте ја задачата, а потоа назначете ја задачата на контролната табла. Постои однапред поставена задача којашто служи за зачувување слики како PDF-датотеки.
Пред да скенирате, проверете дали скенерот е правилно поврзан со компјутерот.
Ставете ги оригиналите.
Изберете Компјутер на почетниот екран на контролната табла на скенерот.
Ако се прикаже екранот Избери компјутер, изберете го компјутерот.
На контролната табла на скенерот може да бидат прикажани до 111 компјутери на коишто е инсталирана Document Capture Pro.
Ако Режим на сервер е поставен како режим на работа, не мора да го правите овој чекор.
Ако се прикаже екранот Избери работа, изберете ја задачата.
Ако сте поставиле само една задача, не мора да ја изберете задачата. Продолжете на следниот чекор.
Потврдете ги компјутерот и задачата што ги избравте.
Изберете
за да ги зачувате поставките како однапред поставени.
Допрете
.
Document Capture Pro автоматски стартува на компјутерот и скенирањето започнува.