Пред создавање на споделената папка

Пред да ја создадете споделената папка, проверете го следново.

  • Скенерот е поврзан на мрежата од каде што може да пристапи до компјутерот на кој ќе се создаде споделената папка.

  • Во името на компјутерот на којшто ќе се создаде споделената папка нема знак составен од повеќе бајти.

Важно:

Кога во името на компјутерот има знак составен од повеќе бајти, зачувувањето на споделената папка можеби нема да успее.

Во тој случај, сменете го името на компјутерот или зачувајте на друг компјутер што не содржи знак со повеќе бајти во името.

Кога го менувате името на компјутерот, претходно консултирајте се со администраторот бидејќи тоа може да влијае врз одредени поставки, на пр. управување со компјутерот, пристап до ресурси итн.