Проверете дали е инсталирана апликацијата EPSON Software Updater.
Преземете ја програмата за деинсталирање користејќи ја EPSON Software Updater.
Откако ќе ја преземете програмата за деинсталирање, нема потреба да ја преземате секогаш кога ја деинсталирате апликацијата.
Исклучете го скенерот од компјутерот.
За да го деинсталирате двигателот за скенерот, изберете Претпочитани вредности на системот од менито Apple > Печатачи и скенери (или Печати и скенирај, Печати и испрати по факс), а потоа отстранете го скенерот од списокот со овозможени скенери.
Затворете ги сите апликации што работат.
Изберете Оди > Апликации > Epson Software > Програма за деинсталирање.
Изберете ја апликацијата што сакате да ја деинсталирате, а потоа кликнете „Деинсталирај“.
Програмата за деинсталирање ги отстранува сите двигатели за скенери Epson на компјутерот. Ако користите повеќе скенери Epson и сакате да избришете само некои од двигателите, прво избришете ги сите, а потоа инсталирајте ги само потребните двигатели за скенери.
Ако во списокот со апликации не можете да ја најдете апликацијата што сакате да ја деинсталирате, нема да може да извршите деинсталација со помош на програмата за деинсталирање. Во оваа ситуација, изберете Оди > Апликации > Epson Software, изберете ја апликацијата што сакате да ја деинсталирате, а потоа повлечете ја до иконата за отпадоци.