Користење мрежен скенер од втор компјутер

Препорачуваме да ја користите програмата за инсталирање за да го поврзете скенерот со компјутер. Програмата за инсталирање може да ја стартувате на еден од следниве начини.

  • Поставување од веб-локацијата

    Одете на следнава веб-локација и внесете го името на производот. Одете во Поставување и започнете со поставување.

    http://epson.sn

  • Поставување со користење на дискот со софтвер (само за моделите коишто доаѓаат со диск со софтвер и за корисници со компјутери со Windows со погони за диск.)

    Внесете го дискот со софтвер во компјутерот и следете ги инструкциите на екранот.

Изберете го скенерот

Следете ги инструкциите на екранот додека да се прикаже следниов екран, изберете го името на скенерот со којшто сакате да се поврзете, а потоа кликнете Следно.

Следете ги инструкциите на екранот.