Притискање копче: Поставете ја јачината на звук на контролната табла за звуците што настануваат при допирање на екранот или при успешна автентикација на екранот за најавување.
Тон за грешка: Ја поставува јачината на звук кога се појавува грешка или при неуспешна автентикација на екранот за најавување.
Приспособете го временскиот период за влегување во режимот на спиење (режим за штедење енергија) кога скенерот не извршува никакви задачи. LCD-екранот ќе стане црн кога ќе измине одреденото време.
Кога сте најавени како администратор на контролната табла, ќе бидете одјавени кога скенерот ќе влезе во режимот на спиење.
Производот може да ја има оваа функција или функцијата Мерач на времето за исклучување, во зависност од местото на продажба.
Автоматско исклучување на скенерот.
Исклучи напојување ако е неактивно
Изберете ја оваа поставка за да може скенерот да се исклучува автоматски ако не се користи одреден временски период. Секое зголемување ќе влијае врз енергетската ефикасност на производот. Имајте ја предвид животната средина пред да извршите каква било промена.
Искл. напој. ако е исклуч. од приклучок
Изберете ја оваа поставка за скенерот да се исклучи по поставениот временски период откако сите порти (вклучително и USB-портата) ќе бидат исклучени. Оваа функција може да не биде достапна во зависност од регионот.
Погледнете ја следнава веб-локација за повеќе информации околу поставувањето на временскиот период.
Датум/Време: Внесете ги тековните датум и време.
Летно сметање на времето: Изберете ја поставката за летно сметање на времето што важи за вашето подрачје.
Временска разлика: Внесете ја временската разлика помеѓу вашето локално време и UTC (Координирано универзално време).
Изберете Вкл. за враќање на почетниот екран кога во одредениот временски период не се вршеле задачи. Оваа поставка се применува кога е прикажано нешто друго наместо почетниот екран.
Кога сте најавени како администратор на контролната табла, ќе бидете одјавени кога на контролната табла ќе се врати почетниот екран бидејќи одреден временски период не се вршеле задачи.