Document Capture Pro* е апликација што ви овозможува ефикасно да скенирате оригинали, како на пр. документи.
Може да регистрирате повеќе дејства, како што се Scan — Save — Send, во една „задача“. Ако регистрирате повеќе дејства однапред како задача, сите дејства може да се извршат со едноставно избирање на задачата. Со назначување задача на контролната табла на скенерот, може да стартувате задача од контролната табла (Button Assignment).
Погледнете ја помошта на Document Capture Pro (Windows) или Document Capture (Mac OS) за детали околу користењето на апликацијата.
* Името е за Windows. За Mac OS, името е Document Capture.
Windows 10
Кликнете го копчето Старт, а потоа изберете Epson Software > Document Capture Pro.
Windows 8.1/Windows 8
Внесете го името на апликацијата во полето за пребарување, а потоа изберете ја прикажаната икона.
Windows 7
Кликнете го копчето Старт, а потоа изберете Сите програми > Epson Software > Document Capture Pro.
Изберете Оди > Апликации > Epson Software > Document Capture.