Регистрирајте ги и/или избришете ги контактите за менијата Скенирај во е-пошта и Скенирај во мрежна папка/ФТП.
Регистрирајте ги често користените контакти за брзо да пристапувате до нив. Може и да го промените редоследот на списокот.
Променете го начинот на којшто се прикажува списокот со контакти.
Променете го начинот на пребарување контакти.
Лозинка на администраторот: Регистрирајте лозинка за администратор со која само администратор ќе може да ги промени поставките. Лозинката мора да содржи од 8 до 20 знаци.
Поставка за заклучување: Заклучете ги поставките за скенерот за да ги заштитите и да не може други корисници да ги менуваат.
Дозволете да се менуваат поставките за следниве ставки кога е овозможено заклучувањето на таблата.
Пристап до Регистрирај /Избриши Контакти
Пристап до Последно од Скенирај во е-пошта
Пристап до Јазик
Заштита на личните податоци
Шифрирајте ја лозинката.
Ако го исклучите напојувањето додека рестартирањето е во тек, податоците може да се оштетат, а поставките за скенерот ќе се вратат на стандардните. Во тој случај, внесете ги информациите за лозинката повторно.
Изберете Одобри за да се испраќаат информации до Seiko Epson Corporation за употребата на производите, на пр. информации за бројот на скенирања.
Поставки за мрежа: вратете ги поставките поврзани со мрежата на почетниот статус.
Се освен Поставки за мрежа: вратете ги другите поставки на почетниот статус освен поставките поврзани со мрежата.
Сите поставки: вратете ги сите поставки на почетниот статус што важел при купување на скенерот.
Ако изберете и извршите Сите поставки, ќе се избришат сите податоци за поставките регистрирани во скенерот, вклучително и поставките за контактите и автентикацијата на корисници. Избришаните поставки не може да се вратат.
Може да добиете информации за фирмверот на скенерот, на пр. тековната верзија и информации за достапните ажурирања.