IP-адресата на скенерот може да ја проверите преку Epson Scan 2 Utility.
Пред да ја проверите IP-адресата, треба да го поврзете компјутерот со истиот безжичен рутер како скенерот.
Стартувајте ја Epson Scan 2 Utility.
Во списокот Скенер, изберете го моделот за кој сакате да ја проверите IP-адресата.
Ако вашиот скенер не се прикажува во списокот Скенер, скенерот не е откриен.
Кликнете Поставки за да го отворите екранот Поставки на скенерот, а потоа кликнете Додај за да го додадете скенерот.
IP-адресата на избраниот скенер се прикажува до името на моделот.