Администраторската лозинка може да ја промените во Web Config.
Одете на Web Config и изберете ја картичката Product Security > Change Administrator Password.
Внесете ги потребните информации во Current password, User Name, New Password и Confirm New Password.
Новата лозинка мора да содржи од 8 до 20 знаци и да содржи само алфанумерички знаци и симболи од еден бајт.
Подолу се наведени стандардните вредности за администраторските информации.
Корисничко име: нема (празно)
Лозинка: зависно од етикетата залепена на производот.
Проверете ја позицијата на QR-кодот на етикетата залепена на задната страна на производот.
Ако QR-кодот е на левата страна, 8-цифрениот број на етикетата е почетната администраторска лозинка.
Ако QR-кодот е на десната страна, серискиот број на етикетата залепена на основата на производот е почетната администраторска лозинка.
Изберете OK.