> Информации за администраторот > Администраторски поставки > Конфигурирање на администраторската лозинка > Менување на администраторската лозинка од контролната табла на скенерот

Менување на администраторската лозинка од контролната табла на скенерот

Администраторската лозинка може да ја промените од контролната табла на скенерот.

  1. Изберете Поставки на контролната табла на скенерот.

  2. Изберете Администрир. на систем > Администраторски поставки.

  3. Изберете Лозинка на администраторот > Промени.

  4. Внесете ја тековната лозинка.

    Белешка:

    Почетната администраторска лозинка (стандардно) при купувањето варира во зависност од етикетата залепена на производот. Ако има етикета „PASSWORD“ залепена на задната страна, внесете го 8-цифрениот број прикажан на етикетата. Ако не е залепена етикета „PASSWORD“, како почетна администраторска лозинка може да го внесете серискиот број од етикетата залепена на основата на производот.

  5. Внесете ја новата лозинка.

    Новата лозинка мора да содржи од 8 до 20 знаци и да содржи само алфанумерички знаци и симболи од еден бајт.

    Важно:

    Запомнете ја администраторската лозинка што ќе ја поставите. Ако ја заборавите лозинката, нема да може да ја ресетирате и ќе треба да побарате помош од сервисен персонал.

  6. За да ја потврдите, внесете ја новата лозинка уште еднаш.

Се прикажува порака за завршување.