> Ставање оригинали > Ставање оригинали во скенерот > Ставање оригинали со големи димензии

Ставање оригинали со големи димензии

Белешка:
  1. Погрижете се иконата за положба на скенерот да биде (положба за права патека).

    Ако е прикажана иконата (положба за вертикална патека), повлечете го избирачот за положба на скенерот за да го накривите скенерот наназад.

  2. Отворете ја влезната фиока.

  3. Подигнете го продолжетокот на влезната фиока.

  4. Поместете ги граничниците до рабовите на влезната фиока.

  5. Превиткајте го оригиналот на половина, така што страната што ќе се скенира да биде свртена кон надвор.

  6. Ставете го оригиналот со страната „1“ свртена нагоре и предниот раб свртен кон ADF.

    Вметнете ја хартијата во ADF додека да наидете на отпор.

  7. Повлечете ги граничниците до рабовите на оригиналот без да оставате празнини. Во спротивно, оригиналот може да се внесе накриво.

    Белешка:

    За да ги скенирате двете големини и да ги споите, одредете ја соодветната поставка во прозорецот Epson Scan 2.

    Кога користите Epson ScanSmart, може да го отворите екранот на Epson Scan 2 така што ќе го кликнете копчето Settings > картичка Scanner Settings > Scan Settings.

    Изберете Двострано од Страна за скенирање и изберете Лево и десно од Спои слики во прозорецот Epson Scan 2. За детали, погледнете во помошта на Epson Scan 2.