Погрижете се да има доволно простор пред скенерот за исфрлените оригинали.
Погрижете се иконата за положба на скенерот да биде
(положба за права патека).

Ако е прикажана иконата
(положба за вертикална патека), повлечете го избирачот за положба на скенерот за да го накривите скенерот наназад.

Отворете ја влезната фиока.

Подигнете го продолжетокот на влезната фиока.

Поместете ги граничниците до рабовите на влезната фиока.

Ставете го пасошот со страната што ќе се скенира свртена нагоре и со подебелата страна на пасошот свртена кон ADF.
Вметнете ја хартијата во ADF додека да наидете на отпор.

Во следниве случаи, скенирајте го пасошот со Фасцикла за пасош.
Ако сакате да го заштитите пасошот додека скенирате
Ако сакате да скенирате дебели пасоши и пасоши со малку проширен раб за подврзување
Ставете го пасошот во Фасцикла за пасош со страната што ќе се скенира свртена нагоре и со подебелата страна на пасошот свртена кон предниот раб. Потоа, ставете ја Фасцикла за пасош во влезната фиока со горниот раб свртен кон ADF.

Повлечете ги граничниците до рабовите на оригиналот без да оставате празнини. Ако има празнини, оригиналот може да се внесе накриво.

Кога скенирате пасош, држете го горниот дел од пасошот за да не испадне од ADF и да не се затвори.

Ако исфрлените оригинали ја допираат површината на масата на која е поставен скенерот, а тоа влијае на скенираната слика, поместете го скенерот кон работ на масата за да може исфрлените оригинали да паѓаат и директно да ги фаќате.
Кога скенирате пасош, одредете ги соодветните поставки во екранот на Epson Scan 2.
Кога користите Epson ScanSmart, може да го отворите екранот на Epson Scan 2 така што ќе го кликнете копчето Settings > картичка Scanner Settings > Scan Settings.
Во екранот на Epson Scan 2, користете еден од следниве методи за да исклучите Откриј двојно полнење.
· Изберете Пасош во Поставки за скенирање
· Во картичката Главни поставки, поставете го Откриј двојно полнење на Исклучено
За детали, погледнете во помошта на Epson Scan 2.
Не користете изгребана Фасцикла за пасош или Фасцикла за пасош што била скенирана повеќе од 3 000 пати.
Користете само Фасцикла за пасош наменета за вашиот скенер. Скенерот автоматски препознава Фасцикла за пасош со детекција на трите мали правоаголни дупки на предниот раб. Погрижете се дупките на Фасцикла за пасош да бидат чисти и непокриени.
