> Ставање оригинали > Типови оригинали коишто не смеете да ги скенирате

Типови оригинали коишто не смеете да ги скенирате

Не смеете да ги скенирате следниве типови оригинали.

  • Фотографии

  • Брошури

  • Пасоши подебели од 5 mm (со визи или дополнителни страници за визи).

  • Оригинали коишто не се составени од хартија (на пр. проѕирни папки, текстил или метална фолија)

  • Оригинали со иглички или спојници

  • Оригинали со лепило

  • Искинати оригинали

  • Многу стуткани или свиткани оригинали

  • Проѕирни оригинали, како на пример OHP-филм

  • Оригинали со јаглеродна хартија на задната страна

  • Оригинали со свежо мастило

  • Оригинали со лепливи белешки

Белешка:
  • Не внесувајте директно во скенерот вредни фотографии, оригинални уметнички дела или важни документи коишто не сакате да ги оштетите. Неправилното внесување може да го стутка или да го оштети оригиналот. Кога скенирате вакви оригинали, погрижете се да користите Фасцикла (се продава одделно).

  • Може да скенирате и искинати, стуткани или свиткани оригинали ако користите Фасцикла (се продава одделно).

  • За да скенирате дебели пасоши или пасоши со малку проширен раб за подврзување, користете ја фасциклата за пасош (се продава одделно).