Погрижете се да има доволно простор пред скенерот за исфрлените оригинали.
Погрижете се иконата за положба на скенерот да биде
(положба за права патека).

Ако е прикажана иконата
(положба за вертикална патека), повлечете го избирачот за положба на скенерот за да го накривите скенерот наназад.

Отворете ја влезната фиока.

Подигнете го продолжетокот на влезната фиока.

Поместете ги граничниците до рабовите на влезната фиока.

Внесете го оригиналот право во влезната фиока, завртен нагоре при што горниот раб ќе биде свртен кон ADF.
Вметнете ја хартијата во ADF додека да наидете на отпор.

Кога ставате долга хартија, потпрете ја кај влезната фиока за да не испаѓа од ADF и кај излезната фиока за да избегнете заглавување или испаѓање на исфрлената хартија.

Повлечете ги граничниците до рабовите на оригиналот без да оставате празнини. Ако има празнини, оригиналот може да се внесе накриво.

Исто така, додека скенирате долга хартија, држете ги двата краја на оригиналот со рацете за да не се накривува.

Погледнете го следново за максималните должини во зависност од ситуацијата.
Треба да ја наведете големината на хартија во прозорецот Epson Scan 2.
Кога користите Epson ScanSmart, може да го отворите екранот на Epson Scan 2 така што ќе го кликнете копчето Settings > картичка Scanner Settings > Scan Settings.
Постојат три начини за поставување на големината на хартија во прозорецот Epson Scan 2.
Ако должината на хартијата е 3.048,0 mm (120 in.) или помалку, може да изберете Авт.откр.(Долга хартија) за автоматски да се открива големината.
Ако должината на хартијата е поголема од 3.048,0 mm (120 in.), треба да изберете Приспособи и да ја внесете големината на хартијата. Ако должината на хартијата е 5.461,0 mm (215 in.) или помалку, може да употребите Откриј должина на хартија наместо да ја внесувате висината на хартијата. Ако должината на хартија е поголема од 5.461,0 mm (215 in.), треба да ја внесете ширината и висината на хартијата.