> Одржување > Чистење на скенерот

Чистење на скенерот

Важно:
  • Не користете алкохол, разредувач или корозивен растворувач за да го чистите скенерот. Тоа може да предизвика деформација или губење на бојата.

  • Не распрскувајте течности или подмачкувачи врз скенерот. Оштетувањето на опремата или струјните кола може да предизвика неправилно функционирање.

  • Не отворајте го куќиштето на скенерот.

  1. Отворете ја влезната фиока и повлечете ја рачката за да го отворите капакот за скенерот.

  2. Избришете ја стаклената површина во капакот за скенерот. Избришете ја со наменска крпа за чистење или со мека крпа што не остава влакненца. Ако стаклената површина е многу извалкана, избришете ја со мека крпа што не остава влакненца, навлажнета со малку вода или наменско средство за чистење.

    Важно:
    • Не притискајте премногу на стаклената површина.

    • Не користете четка или тврда алатка. Гребаници на стаклото може да влијаат врз квалитетот на скенирањето.

    • Не прскајте средство за чистење директно на стаклената површина.

  3. Затворете го капакот за скенерот со двете раце. Потоа, затворете ја влезната фиока.

Белешка:

Ако често се појавува пораката за грешка Отк. неч. на стак., може да го промените нивото на откривање.

Изберете Поставки > Поставки на скенерот > Отк. неч. на стак. на контролната табла на скенерот.