Погрижете се иконата за положба на скенерот да биде
(положба за вертикална патека).

Ако е прикажана иконата
(положба за права патека), повлечете го избирачот за положба на скенерот за да го накривите скенерот нанапред.

Отворете ја влезната фиока.

Подигнете го продолжетокот на влезната фиока.

Поместете ги граничниците до рабовите на влезната фиока.

Прелистајте ги оригиналите.
Држете ги двата краја на оригиналите и прелистајте ги неколку пати.

Порамнете ги рабовите на оригиналите, а со страната што ќе се скенира свртена нагоре, повлечете ги предните рабови во форма на клин.

Ставете ги оригиналите во влезната фиока за ADF со лицето нагоре и со горниот раб кон ADF.
Вметнете ја хартијата во ADF додека да наидете на отпор.




, скенерот е во положбата за права патека. Ако е прикажана иконата
, повлечете ја рачката на задната страна за да го накривите скенерот наназад.
Повлечете ги граничниците до рабовите на оригиналот без да оставате празнини. Во спротивно, оригиналот може да се внесе накриво.

Ако документот се протега надвор од продолжетокот на влезната фиока, држете го документот со едната рака за да не испадне од ADF. Исто така, додека скенирате оригинал, држете ги двата краја на оригиналот со рацете за да не се накривува.
Кога скенирате оригинали од тенка хартија, како што се флаери или сметки, или кога скенирате оригинали кои имаат тенденција да се извиткуваат по скенирањето, препорачуваме да го извлечете држачот за излез на хартија на двете места.
Откако ќе го ставите оригиналот, притиснете ги копчињата (на двете места) за да го подигнете држачот за излез на хартија.

Кога скенирате оригинали како што се визит-картичките кои имаат тенденција да се извиткуваат по скенирањето, препорачуваме да скенирате во положбата за права патека и да ставате само по еден оригинал.
Ако го откажете скенирањето додека се скенираат повеќе оригинали, вториот оригинал малку ќе навлезе во ADF, а тогаш скенирањето престанува. Отворете го капакот за скенерот за да го извадите оригиналот, а потоа повторно ставете ја страницата, заедно со првата страница и останатите оригинали.
Во зависност од типот хартија и околината во која се користи скенерот, оригиналот може да испадне од предната страна на скенерот по скенирањето. Во оваа ситуација, ставајте помалку оригинали во скенерот отколку наведениот број оригинали што може да се стават.