> Решавање проблеми > Проблеми со скенерот > Проверување пораки за грешки на контролната табла

Проверување пораки за грешки на контролната табла

Ако на контролната табла се прикаже порака за грешка, следете ги инструкциите на екранот или решенијата подолу за да го решите проблемот.

Белешка:

Погледнете го следново ако се прикажува порака за грешка при скенирање во мрежна папка.

На контролната табла се прикажуваат пораки кога скенирате во мрежна папка

Пораки за грешки

Решенија

Внесувањето запре за да се заштитат оригиналите. Отворете го капакот на скенерот и отстранете ги.

  • Извадете го оригиналот од внатрешноста на скенерот и проверете ја состојбата на оригиналот.

  • Овој производ користи две различни положби за скенирање, во зависност од оригиналот што се скенира. Кликнете го линкот за да видите која положба е соодветна за оригиналот.

    Комбинации од положби на скенерот и оригинали

Оригиналот заглавил. Отворете го капакот на скенерот за да го извадите оригиналот.

  • Извадете го оригиналот од внатрешноста на скенерот.

  • Овој производ користи две различни положби за скенирање, во зависност од оригиналот што се скенира. Кликнете го линкот за да видите која положба е соодветна за оригиналот.

    Комбинации од положби на скенерот и оригинали

Инсталирајте го софтверот Epson ScanSmart на компјутерот за да ја користите оваа функција. Погледнете ја документацијата за повеќе детали.

Отворете го списокот со апликации на компјутерот, а потоа во списокот побарајте ја Epson ScanSmart.

Ако софтверот не е инсталиран на компјутерот, инсталирајте ја апликацијата следејќи ги инструкциите од веб-локацијата наведена подолу.

https://epson.sn

Проверете го следново ако не е пронајден компјутер. - Врската помеѓу скенерот и компјутерот (USB или мрежа) - Инсталацијата на потребниот софтвер - Напојувањето на компјутерот - Поставките на заштитниот ѕид и безбедносниот софтвер - Пребарајте повторно Погледнете ја вашата документација за повеќе детали.

  • Погрижете се скенерот да биде правилно поврзан со компјутерот.

  • Инсталирајте ја Epson ScanSmart на компјутерот.

  • Инсталирајте ја најновата верзија на апликацијата.

  • Погрижете се адаптерот за наизменична струја да биде добро поврзан со скенерот и штекерот за струја.

    Проверете дали работи штекерот за струја. Приклучете друг уред во штекерот за струја и проверете дали може да го вклучите.

  • Проверете ги поставките за заштитниот sид за софтверот на Epson.

  • Поставете ја истата група за скенерот и компјутерот.

  • Повторно побарајте го компјутерот.

Во внатрешноста на скенерот може да има некакви флеки. Исчистете ги.

Видете го следниов дел за чистење на внатрешноста на скенерот.

Чистење на внатрешноста на скенерот

Ако проблемот продолжува да се јавува по чистењето, контактирајте со локалниот дистрибутер.

Оригиналот може да е замачкан или во внатрешноста на скенерот може да има некакви флеки. Отстранете ги замачкувањата на оригиналот, па исчистете ја внатрешноста на скенерот.

Комбинацијата на IP адресата и маската на подмрежа е неважечка. Погледнете ја вашата документација за повеќе детали.

Внесете ја точната IP-адреса или стандардната капија. За помош, контактирајте со лицето коешто ја поставило мрежата.

RECOVERY MODE

Скенерот стартуваше во режим за поправање бидејќи ажурирањето на фирмверот не успеа. Следете ги чекорите подолу за повторно да се обидете да го ажурирате фирмверот.

1. Поврзете ги компјутерот и скенерот со USB-кабел. (Во режимот за поправање, не може да го ажурирате фирмверот преку мрежна врска.)

2. За понатамошни инструкции, посетете ја локалната веб-локација на Epson.