Некои поставки може да не бидат достапни во зависност од другите поставки што сте ги одредиле.
Изберете ја бојата на излезната слика.
Кога ќе го изберете следново, скенерот автоматски ја открива бојата на оригиналите и ги зачувува сликите користејќи ги откриените бои.
Во боја/сива скала/црно-бело
Ја конвертира скенираната слика во 24-битна боја, 8-битна сива или монохроматска боја (црно-бела, бинарна). Кога ова е избрано, поставете ја чувствителноста за утврдување дали оригиналот е во сива скала или монохроматски кога се скенира оригинал што не е во боја.
Боја/Црна и бела:
Ја конвертира скенираната слика во 24-битна боја или монохроматска боја (црно-бела, бинарна).
Боја/Сива палета:
Ја конвертира скенираната слика во 24-битна боја или 8-битна сива.
Достапните типови слики може да се разликуваат зависно од избраниот Формат на дат.. За повеќе информации, погледнете го следново.
Изберете го форматот во којшто сакате да ја зачувате скенираната слика.
Кога сакате да се зачува како PDF, PDF/A или TIFF, изберете дали сите оригинали да се зачуваат како една датотека (со повеќе страници) или секој оригинал да се зачува одделно (една страница).
Коеф. на компресија:
Изберете колку да се компримира скенираната слика.
PDF Поставки:
Кога ќе изберете PDF како поставка за форматот за зачувување, користете ги овие поставки за да ги заштитите PDF-датотеките.
За да создадете PDF-датотека за којашто е потребна лозинка при отворање, поставете Лозинка за отвора. документ. За да создадете PDF-датотека за којашто е потребна лозинка при печатење или изменување, поставете Лозинка за дозволи.