> Основи на скенерот > Положба на скенерот

Положба на скенерот

Може да ја менувате положбата на скенерот согласно употребата.

Внимание:

Кога ја менувате положбата на скенерот, внимавајте скенерот да не ви ги фати прстите или некои кабли. Може да дојде до повреда или оштетување.

За повеќе информации за комбинациите од положби на скенерот и оригинали, погледнете ја страницата „Поврзани информации“.

Положба за вертикална патека

Кога скенирате повеќе оригинали со стандардна големина или кога скенирате тенка хартија или сметки, повлечете го избирачот за положба на скенерот за да го накривите скенерот нанапред во положбата за вертикална патека. Кога скенирате во положбата за вертикална патека, оригиналите ставени во влезната фиока се исфрлаат во излезната фиока на горниот дел од скенерот.

Кога ќе ја промените положбата за вертикална патека, иконата за положба на скенерот се менува во на контролната табла.

Положба за права патека

Кога скенирате дебели оригинали, како што се пасоши, повлечете го избирачот за положба на скенерот за да го накривите скенерот наназад и да го поставите во положбата за права патека. Кога скенирате во положбата за права патека, оригиналите ставени во влезната фиока се исфрлаат во излезниот отвор на предниот дел од скенерот.

Кога ќе ја промените положбата за права патека, иконата за положба на скенерот се менува во на контролната табла.