Може да го оневозможите интерфејсот што се користи за поврзување на уредот со скенерот. Одредете ги поставките за ограничување, за да спречите скенирање што не се одвива преку мрежа.
Поставките за ограничување може да ги одредите и преку контролната табла на скенерот.
Врска со компјутер преку USB : Поставки > Осн поставки > Врска со компјутер преку USB
Одете на Web Config и изберете ја картичката Product Security > External Interface.
Изберете Disable на функциите што сакате да ги поставите.
Изберете Enable кога сакате да го откажете контролирањето.
Врска со компјутер преку USB
Може да ја ограничите употребата на USB-врската од компјутерот. Ако сакате да ја ограничите, изберете Disable.
Кликнете OK.
Уверете се дека оневозможената порта не може да се користи.
Врска со компјутер преку USB
Ако двигателот бил инсталиран на компјутерот
Поврзете го скенерот со компјутерот користејќи USB-кабел, а потоа потврдете дека скенерот не скенира.
Ако двигателот не бил инсталиран на компјутерот
Windows:
Отворете го управникот со уреди и оставете го отворен, поврзете го скенерот со компјутерот користејќи USB-кабел, а потоа проверете дали содржините прикажани во управникот со уреди остануваат непроменети.
Mac OS:
Поврзете го скенерот со компјутерот користејќи USB-кабел, а потоа потврдете дека не може да го додадете скенерот од Печатачи и скенери.