Кога скенер е поврзан со мрежа, може да му пристапите од оддалечена локација. Покрај тоа, многу луѓе може да го споделуваат скенерот, што е корисно за подобрувањето на оперативната ефикасност и погодност. Меѓутоа, така се зголемуваат ризиците како што се незаконски пристап, незаконска употреба и неовластени измени на податоците. Ако го користите скенерот во средина каде што може да пристапувате до интернет, ризиците се уште поголеми.
Ако скенерот нема заштита од надворешен пристап, ќе биде можно преку интернет да се читаат контактите зачувани во скенерот.
За да се избегне овој ризик, скенерите Epson имаат разни безбедносни технологии.
Поставете го скенерот како што е потребно, според условите на средината одредени согласно информациите за средината на клиентот.
|
Име |
Тип на функцијата |
Што да поставите |
Што да спречите |
|---|---|---|---|
|
Контрола на протоколи |
Ги контролира протоколите и услугите што треба да се користат за комуникација меѓу скенери и компјутери и овозможува и оневозможува функции. |
Протокол или услуга што се применува за одделно дозволени или забранети функции. |
Ги намалува безбедносните ризици што може да настанат со ненамерна употреба, спречувајќи ги корисниците да употребуваат непотребни функции. |
|
SSL/TLS-комуникации |
Комуникациските содржини се шифрирани со SSL/TLS-комуникации кога се пристапува до серверот Epson на интернет од скенерот, на пр. при комуницирањето со компјутер преку веб-прелистувач со помош на Epson Connect и при ажурирањето на фирмверот. |
Стекнете се со CA потпишан сертификат и потоа импортирајте го во скенерот. |
Со одобрувањето на идентификацијата на скенерот преку сертификатот потпишан од CA се спречува лажно претставување и неовластен пристап. Покрај тоа, комуникациските содржини на SSL/TLS се заштитени и се спречува упад во податоците од скенирањето и поставувањето. |
|
IPsec/IP-филтрирање |
Може да поставите да биде дозволено одвојувањето и прекинувањето на податоците што се од одреден клиент или од одреден вид. Бидејќи IPsec ги заштитува податоците преку единица со IP-пакет (шифрирање и автентикација), може безбедно да комуницирате небезбеден протокол. |
Создајте основно правило и поединечно правило за да ги одредите клиентот или типот податоци што може да пристапуваат до скенерот. |
Спречете неовластен пристап, менување и пресретнување на комуникациските податоци до скенерот. |
|
IEEE 802.1X |
Дозволува само автентицирани корисници да се поврзуваат на мрежата. Дозволува само одобрен корисник да го користи скенерот. |
Поставка за автентикација за RADIUS-сервер (сервер за автентикација). |
Спречува неовластен пристап и употреба на скенерот. |