Менување на администраторската лозинка со Web Config

Администраторската лозинка може да ја промените во Web Config.

  1. Одете на Web Config и изберете ја картичката Product Security > Change Administrator Password.

  2. Внесете ги потребните информации во Current password, User Name, New Password и Confirm New Password.

    Новата лозинка мора да содржи од 8 до 20 знаци и да содржи само алфанумерички знаци и симболи од еден бајт.

    Белешка:

    Подолу се наведени стандардните вредности за администраторските информации.

    • Корисничко име: нема (празно)

    • Лозинка: зависно од етикетата залепена на производот.

      Ако има етикета „PASSWORD“ залепена на задната страна, внесете го 8-цифрениот број прикажан на етикетата. Ако не е залепена етикета „PASSWORD“, како почетна администраторска лозинка може да го внесете серискиот број од етикетата залепена на основата на производот.

    Важно:

    Запомнете ја администраторската лозинка што ќе ја поставите. Ако ја заборавите лозинката, нема да може да ја ресетирате и ќе треба да побарате помош од сервисен персонал.

  3. Изберете OK.