> Ставање оригинали > Ставање оригинали во скенерот > Ставање повеќе оригинали со различни типови и големини на хартија

Ставање повеќе оригинали со различни типови и големини на хартија

Може да ставате и скенирате повеќе оригинали со различна големина (50,8×50,8 mm (2,0×2,0 in.) до A4 или големина Letter) со вкупна дебелина до 2,4 mm (0,1 in.).

Внимание:
  • Кога ставате и скенирате оригинали што се мешавина од различни големини, оригиналите може да се внесуваат накриво бидејќи не сите оригинали ги собира во граничниците.

  • Оригиналите може да се заглавуваат или да се внесуваат накриво ако сте ставиле различни типови или драстично различни големини на оригинали, како во следниве случаи.

    · Тенка хартија и дебела хартија

    · Хартија со големина A4 и хартија со големина на картичка

    · Комбинации од долга, тесна хартија што се протега многу подалеку од продолжетокот на влезната фиока (на пример: долги сметки и сл.)

    · Комбинации од превиткана или стуткана хартија

    Ако оригиналите се внесуваат накриво, проверете ги скенираните слики. Ако сликата е искривена, намалете го бројот на ставени оригинали и скенирајте повторно.

Белешка:
  • Алтернативно, може да скенирате оригинали од различни типови хартија со различна дебелина така што ќе ги ставате еден по еден користејќи Режим за автоматско полнење.

    За да користите Режим за автоматско полнење, одредете ги соодветните поставки во екранот на Epson Scan 2.

    Кога користите Epson ScanSmart, може да го отворите екранот на Epson Scan 2 така што ќе го кликнете копчето Settings > картичка Scanner Settings > Scan Settings.

    Во екранот на Epson Scan 2, користете Режим за автоматско полнење за да скенирате поставувајќи ја положбата на скенерот според типот документ.

  1. Погрижете се иконата за положба на скенерот да биде (положба за вертикална патека).

    Ако е прикажана иконата (положба за права патека), повлечете го избирачот за положба на скенерот за да го накривите скенерот нанапред.

  2. Отворете ја влезната фиока.

  3. Подигнете го продолжетокот на влезната фиока.

  4. Поместете ги граничниците до рабовите на влезната фиока.

  5. Ставете ги оригиналите со страната што ќе се скенира свртена нагоре и во опаѓачки редослед според големината на хартијата, со најшироката хартија назад и најтесната напред во влезната фиока.

    Важно:

    Проверете го следново при поставување различни големини на оригиналите.

    • Порамнете ги предните рабови на оригиналите и внесувајте ги додека да наидат на отпор во ADF.

    • Ставете ги оригиналите во централниот дел на влезната фиока. Ставајте ги следејќи ја ознаката на скенерот.

    • Ставајте ги оригиналите право.

    Во спротивно, оригиналите може да се внесат накриво или да се заглават.

  6. Порамнете ги граничниците со најширокиот оригинал.

Белешка:
  • Ако го откажете скенирањето додека се скенираат повеќе оригинали, вториот оригинал малку ќе навлезе во ADF, а тогаш скенирањето престанува. Отворете го капакот за скенерот за да го извадите оригиналот, а потоа повторно ставете ја страницата, заедно со првата страница и останатите оригинали.

  • Во зависност од типот хартија и околината во која се користи скенерот, оригиналот може да испадне од предната страна на скенерот по скенирањето. Во оваа ситуација, ставајте помалку оригинали во скенерот отколку наведениот број оригинали што може да се стават.