CA-signed Certificate
Ова е сертификат потпишан од CA (Издавач на сертификати). Може да го добиете за да аплицирате до Издавачот на сертификати. Сертификатот го потврдува постоењето на скенерот и се користи за комуникација SSL/TLS, за да се овозможи безбедност на податочните комуникации.
Кога се користи за комуникација SSL/TLS, се користи како сертификат на сервер.
Кога е поставен на филтрирање IPsec/IP или комуникација IEEE 802.1x, се користи како сертификат за клиент.
Сертификат од CA
Ова е сертификат во рамки на CA-signed Certificate, исто така наречен среден сертификат од CA. Се користи од веб-прелистувачот за да се потврди патеката на сертификатот на скенерот кога се пристапува до серверот на другата страна или до Web Config.
За сертификатот од CA, поставете кога да се потврди патеката на сертификатот на серверот при пристапување од скенерот. За скенерот, поставете да се потврди патеката на CA-signed Certificate за врска SSL/TLS.
Може да го добиете сертификатот од CA на скенерот од Издавачот на сертификати (CA) каде што е издаден сертификат од CA.
Исто така, може да го добиете сертификатот од CA што се користи за потврдување на серверот на другата страна од Издавачот на сертификати што издал CA-signed Certificate на другиот сервер.
Self-signed Certificate
Ова е сертификат што го потпишува и издава самиот скенер. Се нарекува и основен сертификат. Бидејќи издавачот се потврдува себеси, тоа не е веродостојно и не може да спречи лажно претставување.
Користете го кога ја одредувате поставката за безбедност и при едноставна комуникација SSL/TLS без CA-signed Certificate.
Ако го користите овој сертификат за комуникација SSL/TLS, може да се прикаже безбедносно предупредување на прелистувачот бидејќи сертификатот не е регистриран на прелистувач. Може да користите Self-signed Certificate само за комуникација SSL/TLS.