Осн поставки

ЛЦД осветленост

Приспособете ја осветленоста на LCD-екранот.

Звуци
  • Притискање копче: поставете ја јачината на звуците при допирање на контролната табла.

  • Тон за грешка: поставете ја јачината на звукот за известување кога настанува грешка.

Тајмер за спиење

Приспособете го временскиот период за влегување во режимот на спиење (режим за штедење енергија) кога скенерот не извршува никакви задачи. LCD-екранот ќе стане црн кога ќе измине одреденото време.

Белешка:

Може да се постави и преку Web Config. Изберете Device Management > Power Saving > Sleep Timer.

Поставки за искл.

Производот може да ја има оваа функција или функцијата Мерач на времето за исклучување, во зависност од местото на продажба.

Автоматско исклучување на скенерот.

  • Искл. напојување ако е неактивно

    Изберете ја оваа поставка за да може скенерот да се исклучува автоматски ако не се користи одреден временски период. Секое зголемување ќе влијае врз енергетската ефикасност на производот. Имајте ја предвид животната средина пред да извршите каква било промена.

  • Искл. напој. ако е искл. од приклучок

    Изберете ја оваа поставка за скенерот да се исклучи по поставениот временски период откако сите порти (вклучително и USB-портата) ќе бидат исклучени. Оваа функција може да не биде достапна во зависност од регионот.

    Погледнете ја следнава веб-локација за повеќе информации околу поставувањето на временскиот период.

    https://www.epson.eu/energy-consumption

Поставки за датум/време
  • Датум/Време: Внесете ги тековните датум и време.

  • Летно сметање на времето: Изберете ја поставката за летно сметање на времето што важи за вашето подрачје.

  • Временска разлика: Внесете ја временската разлика помеѓу вашето локално време и UTC (Координирано универзално време).

Јазик/Language

Изберете ја земјата или регионот во коишто го користите скенерот.

Тастатура

Променете го изгледот на тастатурата на LCD-екранот.

Прекин во функционирање

Кога е поставено на Вкл., ве враќа на почетниот екран кога во одредениот временски период не се извршувале задачи. Оваа поставка се применува кога е прикажан некој друг екран наместо почетниот екран.

Врска со компјутер преку USB

Може да ја ограничите употребата на USB-конекцијата од компјутерот. Ако сакате да ја ограничите, изберете Исклучи.

Директно вклучување

Директно вклучување на скенерот кога се приклучува на извор на напојување, без притискање на копчето за вклучување.