Прикажување детални информации за мрежата на контролната табла

Кога скенерот е поврзан на мрежата, може да ги прегледате и останатите информации поврзани со мрежата со избирање на менијата за мрежа коишто сакате да ги проверите.

  1. Изберете Поставки на почетниот екран.

  2. Изберете Поставки за мрежа > Статус на мрежа.

  3. За да ги проверите информациите, изберете ги менијата коишто сакате да ги проверите.

    • Wi-Fi статус
      Ги прикажува информациите за мрежата (име на уред, врска, јачина на сигнал итн.) за Wi-Fi врски.
    • Статус на Wi-Fi Direct
      Прикажува дали Wi-Fi Direct е овозможено или оневозможено и SSID, лозинката итн. за Wi-Fi Direct врски.
    • Статус на сервер за е-пошта
      Прикажува информации за мрежа за сервер на е-пошта.