Регистрирајте ги и/или избришете ги контактите за функциите Скенирај во е-пошта и Скенирај во мрежна папка/ФТП.
Променете го начинот за пребарување контакти.
Лозинка на администраторот: Регистрирајте лозинка за администратор со која само администратор ќе може да ги промени поставките. Лозинката мора да содржи од 8 до 20 знаци.
Поставка за заклучување: Заклучете ги поставките за скенерот за да ги заштитите и да не може други корисници да ги менуваат.
Шифрирајте ја лозинката.
Ако го исклучите напојувањето додека рестартирањето е во тек, податоците може да се оштетат, а поставките за скенерот ќе се вратат на стандардните. Во тој случај, внесете ги информациите за лозинката повторно.
Ја проверува програмата на скенерот при вклучувањето.
Кога оваа функција е вклучена, на скенерот може да му треба одредено време за да се вклучи.
Изберете Одобри за да се испраќаат информации до Seiko Epson Corporation за употребата на производите, на пр. информации за бројот на скенирања.
Овозможете или оневозможете ја WSD-функцијата (веб-услуга за уреди).
Кога ова е оневозможено, иконата за WSD е скриена на почетниот екран.
Поставки за мрежа: вратете ги мрежните поставки на нивниот почетен статус.
Се освен Поставки за мрежа: вратете ги другите поставки на нивниот почетен статус, освен мрежните поставки.
Сите поставки: вратете ги сите поставки на нивниот почетен статус што важел при купувањето.
Ако изберете Сите поставки, ќе се избришат сите податоци за поставките регистрирани во скенерот, вклучително и поставките за контактите. Избришаните поставки не може да се вратат.
Може да добиете информации за фирмверот на скенерот, на пр. тековната верзија и информации за достапните ажурирања.