Двигателот PC-FAX е апликација што ви овозможува да испратите документ (создаден со друга апликација) како факс директно од компјутерот. Двигателот PC-FAX се инсталира кога ќе ја инсталирате FAX Utility. За повеќе информации, погледнете ја помошта во апликацијата.
Оперативните системи Windows Server не се поддржани.
Работењето се разликува во зависност од апликацијата што сте ја користеле за создавање на документот. За повеќе информации, погледнете ја помошта во апликацијата.
Проверете дали апликацијата е инсталирана. Погледнете „Пристап од Windows“ или „Пристап од Mac OS“ подолу.
Во апликацијата, изберете Печати или Поставувања за печатење во менито Датотека. Изберете го печатачот (факсот), а потоа кликнете Претпочитани вредности или Својства.
Во апликацијата, изберете Печати од менито Датотека. Изберете го печатачот (факсот) како поставување за Печатач, а потоа изберете Fax Settings или Recipient Settings од скок-менито.