Ако забележите непорамнети вертикални линии, заматени слики или хоризонтални пруги, приспособете го квалитетот на печатење. Ако сакате да го приспособите квалитетот на печатењето за поединечен вид хартија, прво одредете ја оваа поставка. Вредноста на поставката за секој вид хартија се ресетира ако ја одредите оваа поставка по приспособувањето според видот на хартијата.
Изберете Одржување од контролната табла на печатачот.
Изберете Прилагодување на Квалитет на печатење.
Следете ги инструкциите на екранот за да го проверите печатачот и да го подобрите квалитетот на печатење.
Ако се прикаже порака во којашто се препорачува да ја исчистите главата за печатење, исчистете ја главата за печатење.
Следете ги инструкциите на екранот за да ставите хартија и да ги отпечатите шаблоните за порамнување на главата за печатење
Прегледајте ги отпечатените шаблони и порамнете ја главата за печатење.


