> Водич за контролната табла > Конфигурација на почетниот екран

Конфигурација на почетниот екран

Може да ги прегледате упатствата за работење или решенијата за проблемите.

Го прикажува статусот на мрежната врска. За повеќе информации, погледнете го следново.

Водич за иконата за мрежа

Го прикажува екранот Поставки за звук на уред.

Може да поставите Без звук и Тивок режим. Може да пристапите и до менито Звуци од овој екран. Оваа поставка може да ја одредите и од менито Поставки.

Поставки > Општи поставки > Осн поставки > Звуци

Покажува дали е поставен Тивок режим за печатачот. Кога оваа функција е овозможена, се намалува бучавата од работењето на печатачот, но може да се намали и брзината на печатење. Меѓутоа, бучавата може да не се намали во зависност од избраниот тип хартија и квалитетот на печатење.

Покажува дека Без звук е поставен за печатачот.

Изберете ја иконата за влегување во режимот на спиење. Кога иконата е избледена, печатачот не може да влезе во режимот на спиење.

Покажува дека е овозможена функцијата за корисничко ограничување. Изберете ја оваа икона за да се најавите на печатачот. Треба да изберете корисничко име и да внесете лозинка. Контактирајте со администраторот на печатачот во врска со информации за најава.

Кога се прикажува , најавен е корисник со дозвола за пристап. Изберете ја иконата за одјавување.

Го прикажува екранот Информации за факс податоци. Прикажаниот број е бројот на факсови што сè уште не се прочитани, отпечатени или зачувани.

Ги прикажува сите менија.

  • Копирај

    Ви овозможува да копирате документи.

  • Скенирај

    Ви овозможува да скенирате документи и да ги зачувувате на мемориски уред или на компјутер.

  • Факс

    Ви овозможува да испраќате факсови.

  • Поч. пос.

    Ви овозможува често користените поставки за копирање, скенирање или испраќање факсови да ги регистрирате како однапред поставени поставки.

  • Мемо. уред

    Ви овозможува да печатите JPEG, TIFF или PDF-податоци на мемориски уред како што е USB-уред поврзан со печатачот.

  • Кутија за факс

    Ви овозможува да складирате примени документи, документи што треба да се испратат или документи за факсови на барање.

  • Доверлива работа

    Ви овозможува да печатите задача заштитена со лозинка, испратена од двигателот за печатачот.

  • Одржување

    Ги прикажува менијата препорачани за подобрување на квалитетот на отпечатениот материјал, на пр. одзатнување на прскалките со печатење шаблон за проверка на прскалките и чистење на главата за печатење, како и отстранување на заматувањето и пругите во отпечатениот материјал со порамнување на главата за печатење.

  • Поставки

    Ви овозможува да одредувате поставки за одржувањето, за печатачот и за работењето.

Задача/Статус

Прикажува тековни задачи во исчекување. Допрете за да се прикаже список со типот на задачите, тајмерот за пристигнување, корисничките имиња итн. Прикажаниот број е бројот на задачи во исчекување.

Го лизга приказот во екранот надесно.