На контролната табла на печатачот, може да го најдете долунаведеното мени.
Поставки > Општи поставки > Поставки на факс > Поставки за испраќање
Белешка:
На екранот Web Config, може да го најдете долунаведеното мени.
Картичка Fax > Send Settings
Ако се прикаже екран за внесување лозинка, внесете ја лозинката.
Поставки за испраќање
Автоматска ротација
Оригинал во формат A4 ставен во ADF или на стаклото на скенерот со долгиот раб кон лево ќе се испрати по факс како документ во A3 формат. Овозможете го ова за да се ротира скенираната слика и да се испрати во формат A4.
Групно праќање
Кога има повеќе факсови што чекаат да се испратат до истиот примач, ова ги групира заедно за да ги испрати одеднаш. Може да се испратат најмногу 5 документи одеднаш (до 100 страници вкупно). Ова помага да заштедите на трошокот за испраќање, намалувајќи го бројот на поврзувања.
Зачувај Неусп. податоци
Документите што не успеале да се испратат ги зачувува во меморијата на печатачот. Може повторно да ги испратите документите преку Job/Status.
Време на чекање за следниот Оригинал
Поставете го времето на чекање за следниот оригинал. Печатачот започнува да го испраќа факсот откако тоа време ќе истече.
Време на прикажување преглед на факс
Скенираниот документ може да го прегледате на одредено време пред да го испратите. Печатачот започнува да го испраќа факсот откако тоа време ќе истече.
PC to FAX Function
Ставкава се прикажува само во екранот Web Config. Овозможува испраќање факсови користејќи компјутер-клиент.