Изберете ги менијата на контролната табла како што е опишано подолу.
Поставки > Општи поставки > Поставки за печатач
Не може да менувате поставки што ги заклучил администраторот.
Поставки за печатач
Поставки за извор хартија
Поставка на хартија
Изберете ги големината и видот на хартијата што сте ги ставиле во изворот на хартија. Може да ги направите Постав за омил. хартија кај големината и видот на хартијата.
Приоритет на фиока за хартија
Изберете Вкл. за да дадете приоритет за печатење на хартијата ставена во фиоката за хартија.
А4/Писмо автоматско менување
Изберете Вкл. за да внесете хартија од изворот на хартија поставен на големина со формат A4 кога нема извор на хартија поставен на формат Писмо (Letter) или внесете ја од изворот на хартија поставен на формат Писмо кога нема извор на хартија поставен на формат A4.
Поставки за автом. бирање
Кога ќе снема хартија, хартијата автоматски се внесува од извор на хартија што ги има истите поставки како и поставките за хартија за задачите за печатење. Може да поставите автоматско избирање за секој извор на хартија за секоја функција во копија, факс или друго. Не може да поставите сè на исклучено.
Оваа поставка е оневозможена кога ќе изберете одреден извор на хартија во поставките за хартија за задачите за печатење. Во зависност од поставката за типот на хартијата на картичката Главна на двигателот на печатачот, хартијата може да не се внесува автоматски.
Известување за грешка
Изберете Вкл. за да се прикаже пораката за грешка кога избраните големина или тип на хартија не одговараат на внесената хартија.
Автоматски приказ на Пост. на хартија
Изберете Вкл. за да се прикаже екранот Поставка на хартија кога внесувате хартија во изворот за хартија. Ако ја деактивирате оваа функција, не може да печатите од iPhone, iPad или iPod touch со користење на AirPrint.
Јазик на печатење
Изберете го јазикот за печатење за УСБ-интерфејсот или за мрежниот интерфејс.
Уни. поставки за печатење
Овие поставки за печатење се применуваат кога печатите користејќи надворешен уред без да го користите двигателот за печатачот. Поставките за офсет се применуваат кога печатите користејќи го двигателот за печатачот.
Горен раздел
Приспособете ја горната маргина на хартијата.
Лев раздел
Приспособете ја левата маргина на хартијата.
Изедн. на горн. марг.на задн. страна
Приспособете ја горната маргина за задниот дел на страницата кога печатите двострано.
Изеднач. на лев. марг. на задната страна
Приспособете ја левата маргина за задниот дел на страницата кога печатите двострано.
Провери широчина на хартија
Изберете Вкл. за да ја проверите ширината на хартија пред печатење. На овој начин се спречува печатење надвор од рабовите на хартијата кога поставката за големина на хартијата не е точна, но може и да се намали брзината на печатење.
Прескокни празна страница
Автоматски прескокнува празни страници во податоците за печатење.
Конфигурација на PDL печатење
Изберете ги опциите за Конфигурација на PDL печатење што сакате да ги користите за PCL или PostScript-печатење.
Општи поставки
Големина на хартија
Изберете ја стандардната големина на хартија за PCL или PostScript-печатење.
Тип хартија
Изберете го стандардниот тип хартија за PCL или PostScript-печатење.
Ориентација
Изберете ја стандардната ориентација за PCL или PostScript-печатење.
Квалитет
Изберете квалитетот на печатење за PCL или PostScript-печатење.
Режим за зачувување на мастило
Изберете Вкл. за да заштедите мастило така што ќе ја намалите густината на печатењето.
Наре. за печатење
Последна стр. најгоре
Започнува со печатење од првата страница на датотеката.
Првата стр. најгоре
Започнува со печатење од последната страница на датотеката.
Број на копии
Поставете го бројот на примероци за печатење.
Сврзувачка маргина
Изберете ја положбата за врзување.
Автоматско исфрлање хартија
Изберете Вкл. за автоматски да ја исфрлите хартијата кога ќе го запрете печатењето за време на задача за печатење.
Двострано печатење
Изберете Вкл. за да извршите двострано печатење.
PCL мени
Извор на фонт
Локален
Изберете да користите фабрички инсталиран фонт на печатачот.
Преземи
Изберете да користите фонт што сте го презеле од интернет.
Број на фонт
Изберете го бројот за стандардната големина на фонтот за стандардниот Извор на фонт. Расположливите бројки се разликуваат во зависност од избраните поставки.
Густина
Поставете го стандардното растојание меѓу знаците на фонтот ако фонтот е скалабилен или ако има фиксно растојание меѓу знаците. Можете да изберете од 0,44 до 99,99 cpi (знаци на инч), со зголемувања од по 0,01.
Оваа ставка може да не се појави во зависност од поставките за Извор на фонт или Број на фонт.
Висина
Поставете ја стандардната висина на фонтот доколку фонтот е приспособлив и пропорционален. Можете да изберете од 4,00 до 999,75 точки, со зголемувања од по 0,25.
Оваа ставка може да не се појави во зависност од поставките за Извор на фонт или Број на фонт.
Сет за симбол
Изберете го стандардниот комплет симболи. Доколку фонтот што сте го избрале во поставката за Извор на фонт и Извор на фонт го нема во поставката за комплет од нови симболи, поставките за Извор на фонт и Број на фонт автоматски се заменуваат со стандардната вредност, IBM-US.
Форма
Поставете го бројот на редови за избраната големина и ориентација на хартијата. Исто така, ова предизвикува промена во растојанието меѓу редовите (VMI), а новата VMI-вредност се зачувува во печатачот. Ова значи дека подоцнежните промени во поставките за големината или ориентацијата на хартијата ќе предизвикаат промени во вредноста на формата врз основа на зачуваната VMI-вредност.
CR функција
Изберете ја наредбата за додавање редови при печатење со двигател од конкретен оперативен систем.
LF функција
Изберете ја наредбата за додавање редови при печатење со двигател од конкретен оперативен систем.
Назначување на изворот на хартија
Поставете ја задачата за наредбата за избор на изворот на хартија. Кога е избрано 4, наредбите се поставени за компатибилност со HP LaserJet 4. Кога е избрано 4K, наредбите се поставени за компатибилност со HP LaserJet 4000, 5000 и 8000. Кога е избрано 5S, наредбите се поставени за компатибилност со HP LaserJet 5S.
PS мени
Погрешен лист
Изберете Вкл. за да отпечатите лист на којшто е прикажан статусот кога настанува грешка за време на PostScript или PDF печатење.
Избирање на боја
Го избира режимот за боја за PostScript-печатење.
Бинарно
Изберете Вкл. кога печатите податоци што содржат бинарни слики. Апликацијата може да испрати бинарни податоци, дури и ако двигателот за печатачот е поставен на ASCII, но ќе можете да ги отпечатите податоците кога ќе биде вклучена ова опција.
PDF големина на страница
Изберете ја големината на хартијата кога печатите ПДФ-датотека. Доколку е избрано авто., големината на хартијата се одредува во зависност од големината на првата страница.
Автоматски решавач на грешки
Изберете дејство да го извршите кога ќе се појави грешка при двострано печатење или грешка поради полна меморија.
Вкл.
Се прикажува предупредување и печати едностран режим кога ќе дојде до грешка при двострано печатење или печати само она што може да го обработи печатачот кога ќе дојде до грешка за полна меморија.
Иск.
Се прикажува порака за грешка и се откажува печатењето.
Интерфејс за мемориски уред
Мемориски уред:
Изберете Вклучи за да овозможите пристап на печатачот до вметнатиот мемориски уред. Ако е избрано Исклучи, не може да зачувувате податоци во меморискиот уред користејќи го печатачот. Со ова се спречува недозволено скенирање и зачувување на доверливите документи во мемориски уред.
Споделување датотека:
Изберете дали да дадете пристап за запишување во меморискиот уред од компјутер поврзан со USB приклучок или од мрежно поврзан компјутер.
Дебела хартија
Изберете Вклучено за да спречите мастилото да се размачка на исписите, меѓутоа, ова може да ја намали брзината на печатење.
Спречи виткање на излезната хартија
Изберете Вкл. за да се намали виткањето на хартијата така што ќе се намали густината на печатење при печатењето.
Тивок режим
Изберете Вкл. за да ја намалите бучавата за време на печатење, меѓутоа, ова може да ја намали брзината на печатење. Во зависност од типот на хартија и избраните поставки за квалитет на печатење, можно е да нема разлика во нивото на бучава на печатачот.
Време на сушење на мастилото
Изберете го времето за сушење на мастилото коешто сакате да го користите кога печатите двострано. Печатачот печати на другата страна штом ќе ја испечати едната страна. Ако исписот е замачкан, зголемете ја поставката за времето.
Двонасочно
Изберете Вклучено за да ја промените насоката на печатење; Печати додека главата за печатење се поместува налево или надесно. Ако вертикалните или хоризонталните линеарно поставени линии на вашиот отпечаток изгледаат заматено или непорамнето, онеспособувањето на оваа функција може да го реши проблемот; меѓутоа, тоа може да ја намали брзината на печатење.
Авто. продолжување на Излезната фиока
Изберете Вклучено за автоматски да се извлекува држачот за излез на хартија кога се печати хартија со големина A3.
Врска со компјутер преку USB
Изберете Вклучи за компјутерот да може да добие пристап до печатачот кога е поврзан со USB. Кога е избрано Исклучи, печатењето и скенирањето коишто не се испратени преку мрежна конекција се ограничени.
USB I/F Поставка за временско ограничување
Ја одредува должината на времето во секунди што мора да измине пред да заврши USB комуникацијата со компјутерот откако печатачот ќе прими задача за печатење од двигател за PostScript-печатач или двигател за PCL печатач. Доколку задачата што завршува не е јасно дефинирана од двигател за PostScript-печатач или двигател за PCL печатач, може да дојде до бескрајна USB комуникација. Кога ќе се случи ова, печатачот завршува со комуникацијата откако ќе измине одреденото време. Внесете 0 (нула) доколку не сакате да заврши комуникацијата.