> Водич за контролната табла > Копчиња и функции

Копчиња и функции

Го вклучува или исклучува печатачот.

Извадете го кабелот за напојување откако ќе се уверите дека светлото за напојување е изгаснато.

Кога ќе се јави грешка на мрежата, со притискање на ова копче се откажува грешката. Држете го ова копче подолго од 5 секунди за да извршите автоматско поставување на Wi-Fi со користење на копчето за притискање WPS.

Се печати извештај за мрежна врска со којшто може да ги утврдите причините за проблемите коишто може да ги имате при користење на печатачот на мрежа. Ако ви требаат подетални мрежни поставки и статус на врската, држете го ова копче најмалку 7 секунди за да отпечатите лист за статус на мрежата.

Започнува црно-бело копирање на обична хартија A4. За да го зголемите бројот на примероци (до 20 примероци), притискајте го ова копче во интервали од по една секунда.

Започнува копирање во боја на обична хартија A4. За да го зголемите бројот на примероци (до 20 примероци), притискајте го ова копче во интервали од по една секунда.

Ја сопира тековната операција.

Држете го ова копче пет секунди додека да затрепка копчето за да извршите чистење на главата за печатење.

Функции на комбинациите од копчиња

Достапни се дополнителни функции со разни комбинации на копчињата.

+

Проверете ги скенираните слики

Притиснете ги копчињата и истовремено за да го активирате софтверот на компјутер поврзан со USB и да ги проверите скенираните слики.

+ или

Копирај во режим на нацрт

Притиснете ги копчињата и или истовремено за да копирате во режим на нацрт.

За корисниците во Западна Европа не е достапен режим на нацрт.

+

Поставување PIN-код (WPS)

Задржете ги копчињата и истовремено за да започне „Поставување PIN-код“ (WPS).

+

Поставување Wi-Fi Direct (едноставна AP)

Задржете ги копчињата и истовремено за да започне „Поставување Wi-Fi Direct (едноставна AP)“.

+

Врати ги стандардните вредности за мрежата

Вклучете го печатачот држејќи го копчето за да ги обновите стандардните мрежни поставки. Кога ќе се вратат мрежните поставки, печатачот се вклучува и светлата за статусот на мрежата трепкаат наизменично.

+

Шаблон за проверка на прскалките за печатење

Вклучете го печатачот држејќи го копчето за да го отпечатите шаблонот за проверка на прскалките.