> Водич за контролната табла > Конфигурација на почетниот екран

Конфигурација на почетниот екран

Го прикажува екранот Преостанат капацитет на Кутијата за одрж.. Може да го проверите приближниот работен век на кутијата за одржување.

Го прикажува статусот на мрежната врска. За повеќе информации, погледнете го следново.

Водич за иконата за мрежа

Покажува дека Тивок режим е поставен за печатачот. Кога оваа функција е овозможена, се намалува бучавата од работењето на печатачот, но може да се намали и брзината на печатење. Меѓутоа, бучавата може да не се намали во зависност од избраниот тип хартија и квалитетот на печатење. Изберете за да ја промените поставката. Оваа поставка може да ја одредите и од менито Поставки.

Поставки > Општи поставки > Поставки за печатач > Тивок режим

Ги прикажува сите менија.

  • Копирај

    Ви овозможува да копирате документи.

  • Скенирај

    Ви овозможува да скенирате документи и да ги зачувувате на компјутер.

  • Одржување

    Ги прикажува менијата препорачани за подобрување на квалитетот на отпечатениот материјал, на пр. одзатнување на прскалките со печатење шаблон за проверка на прскалките и чистење на главата за печатење, како и отстранување на заматувањето и пругите во отпечатениот материјал со порамнување на главата за печатење. Оваа поставка може да ја одредите и од менито Поставки.

    Поставки > Одржување

  • Поставки

    Ви овозможува да одредувате поставки за одржувањето, за печатачот и за работењето.

Го лизга приказот во екранот надесно.