Прикажување детални информации за мрежата на контролната табла

Кога печатачот е поврзан на мрежата, може да ги прегледате и останатите информации поврзани со мрежата со избирање на менијата за мрежа коишто сакате да ги проверите.

  1. Изберете Поставки на почетниот екран.

  2. Изберете Општи поставки > Поставки за мрежа > Статус на мрежа.

  3. За да ги проверите информациите, изберете ги менијата коишто сакате да ги проверите.

    • Статус на кабелска LAN/ Wi-Fi мрежа
      Се прикажуваат информациите за мрежата (име на уред, конекција, јачина на сигнал итн.) за етернет или Wi-Fi врски.
    • Статус на Wi-Fi Direct
      Се прикажува дали Wi-Fi Direct е овозможено или оневозможено и SSID, лозинката итн. за Wi-Fi Direct врски.
    • Отпечати лист за статус
      Отпечатува лист за статус на мрежата. Информациите за етернет, Wi-Fi, Wi-Fi Direct итн. се печатат на две или повеќе страници.