Кога треба да го складирате или да го превезете печатачот при преселба или поправки, следете ги чекорите подолу за да го спакувате.
Исклучете го печатачот со притискање на копчето
.
Уверете се дека светлото за напојувањето е изгаснато, а потоа извадете го кабелот за напојување.
Откачете го кабелот за напојување кога е изгаснато светлото за напојување. Во спротивно, главата за печатење нема да се врати во почетната положба, што ќе предизвика мастилото да се исуши, а печатењето може да не биде возможно.
Извадете ги сите кабли како што се кабелот за напојување и USB-кабелот.
Извадете ја сета хартија од печатачот.
Внимавајте да нема оригинали во печатачот.
Затворете го капакот за документи ако е отворен.
Отворајте го скенерот со двете раце додека да се фиксира.

Внимавајте да не ви се заглават дланките или прстите кога го отворате или затворате скенерот. Во спротивно, може да се повредите.
Прицврстете ја главата за печатење за куќиштето со лента.

Внимавајте добро да го затворите капачето за резервоарот за мастило.

Добро затворете го капакот за резервоарот за мастило.

Затворете го скенерот.

Скенерот е дизајниран да се затвора бавно и со мал отпор заради заштита од заглавување на прстите. Продолжете да го затворате дури и ако почувствувате мал отпор.
Подгответе се да го спакувате печатачот како што е прикажано подолу.

Поставете го печатачот во пластична кеса и затворете ја.
Спакувајте го печатачот во кутијата, користејќи ги заштитните материјали.

Кога го складирате или превезувате печатачот, поставете го во пластична кеса и затворете ја. Не накривувајте го печатачот, не поставувајте го вертикално и не превртувајте го наопаку; во спротивно, мастилото може да протече.

Кога складирате или превезувате шише со мастило, не навалувајте го шишето и не подложувајте го на удари или промени на температурата.Инаку може да протече мастило дури и кога капачето на шишето со мастило е цврсто затворено.Внимавајте шишето со мастило да биде исправено кога го затворате капачето и преземете мерки да не протекува мастило кога го превезувате шишето, на пример кога го ставате шишето во торба.
Не ставајте отворени шишиња со мастило во кутијата со печатачот.

Кога ќе го користите печатачот повторно, извадете ја лентата што ја прицврстува главата за печатење. Ако квалитетот на печатењето е намален следниот пат кога ќе печатите, исчистете ја и порамнете ја главата за печатење.