Ако ги регистрирате големината и типот на хартијата во екранот што се прикажува кога ставате хартија, печатачот ве информира кога регистрираните информации се разликуваат од поставките за печатење. Со ова се спречува непотребно трошење на хартијата и мастилото бидејќи не печатите на хартија со несоодветна големина, но и не печатите со погрешна боја во случај да користите поставки што не се соодветни за типот на хартијата.
Овој екран не се прикажува ако сте оневозможиле Авто. приказ на Пост. на хартија. Ако ја оневозможите оваа функција, не може да печатите од iPhone, iPad или iPod touch користејќи AirPrint.

Ако прикажаната големина и типот на хартијата се разликуваат од оние на внесената хартија, изберете ја ставката што треба да ја промените. Ако поставките се соодветни за ставената хартија, затворете го екранот.
Екранот со поставки за големината и типот на хартијата ќе се прикаже ако изберете Поставки > Општи поставки > Поставки за печатач > Поставки за извор хартија > Поставка на хартија.